Некако не баш невообичаено кога се работи за натпреварите од турското првенство, а посебно големите дерби пресметки меѓу истанбулските клубови, па и дуелот меѓу Галатасарај и Фенербахче од 11. коло во шампионатот на Турција на крајот имаше скандалозен крај.
Веднаш по последниот судиски свиреж на мечот кој заврши без победник (2-2) следеше физичка пресметка во која се вклучија поголемиот дел од фудбалерите на двата тима. Се стартуваше кога неколку фудбалери на Галатсарај започнаа по терен да го бркаат стрелецот на вториот гол за Фенербахче, Жаилсон. Бразилецот успеа да избега кон соблекувалните, но на теренот остана пресметка меѓу двата тима во која се вклучија и членови на стручните штабови….
Физичката пресметката меѓу фудбалерите продолжила и во подтрибинскиот простор. Судиите на крајот останале дополнително преку ВАР системот да разгледуваат кои фудбалери биле вклучени во тепачката по мечот како би следеле дополнителни санкции од Фудбалската федерација на Турција. Согласно последните информации, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не бил воопшто вклучен во инцидентот…
31- Galatasaray 1-0 Fenerbahçe
49- Galatasaray 2-0 Fenerbahçe
66- Galatasaray 2-1 Fenerbahçe
74- Galatasaray 2-2 Fenerbahçe
What a Derby??
??????? pic.twitter.com/lMG3OpkVrI— FC football?? (@AlltingL) November 2, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА