Наполи лесно се справи со Емполи, триумфирајќи со убедливи 5-1 во првиот натпревар од 11. коло во Серија А.
„Наполитанците“ победата ја најавија со голот на Инсиње уште во 9. минута од средбата. Потоа во 38. минута Мертенс зголеми на 2-0, а откако гостите успеаја да намалат на 2-1 преку Капуто во 58. минута, повторно Мертенс со својот втор гол, со прекрасен удар од 20 метри, зголеми на 3-1.
#Mertens 2 #NapoliEmpoli pic.twitter.com/DgJcFduMmk
— iRos (@RosPrimo) November 2, 2018
На крајот, во 90. минута Милик донесе 4-1, а на 5-1 заокружи Мертенс со хет-трик за себе.
Со овие три бода Наполи, со вкупно 25 бода се проби на втората позицијата на табелата зад Јувентус кој е на врвот со 28 бода и натпревар помалку. „Старата дама“ утре од 20:30 часот игра против Каљари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

