Никој како „светците“ на Тухел, подобрија рекорд стар 58 години

Францускиот првак Пари Сен Жермен делува како казнена експедиција во новиот шампионат на Франција. Тимот на Томас Тухел синоќа стигна до 12.последовна победа од стартот на првенството и постави нов рекорд во Топ 5 лигите. Со триумфот од 2-1 над Лил, „светците“ го надминаа рекордот на Тотенхем од сезоната 1960/61, кој нанижа 11 победи по ред.

Нејмар, Мбапе и друштвото оваа сезона веќе постигнаа 41 гол во Франција, примија само седум, и имаат 11 бода предност во однос на второпласираниот Лил/. ПСЖ има смао еден пораз (3-2), од Ливерпул на „Енфилд Роуд“ во Лигата на шампионите.

Се вчитува...