Јувентус ќе биде посилен за Сами Кедира на вечерашниот натпревар против Калјари, откако германскиот репрезентативец ги надмина проблемите со повредата поради која паузираше повеќе од еден месец од фудбалските терени.
Во ситуација кога Алегри остана без помошта на Емре Џан стратегот на „старата дама“ имаше само три играчи во средниот ред во својата омилена формација 4-3-3 (Пјаниќ, Матуиди и Бентанкур), па јасно е дека со Кедира во тимот стратегот на „старата дама“ добива можност за ротација и во овој дел од тимот.
Марио Манџукиќ исто така е „фит“ по својата повреда, но дуелот со Калјари покрај Џан ќе го пропуштат Кјелини и Бернардески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА