„Војводи“ го „запалија“ Тетово: На спектакуларен начин прославија „30 години од формирањето“ (ФОТО+ВИДЕО)

Најверната навивачка група на Тетекс, „Војводите“ оваа година прославуваат 30 години од своето формирање.

Токму во таа чест синоќа организираа кортео низ тетовските улици, на убав начин најавувајќи ја централната прослава на јубилејот која треба да се одржи денеска.

Синоќа „Војводите“ го „запалија“ Тетово, а денеска дополнително ќе го одбележат својот јубилеј и на натпреварот од Втората лига – Запад меѓу Тетекс и Струга ТЛ во Тетово.

Централната прослава е закажана за вечерва во ресторан „Арена“ од 19 часот.

Се вчитува...