Атлетико заборави да победува на гостувањата

Атлетико Мадрид пропушти можност барем до вечерва да се искачи на врвот на табелата во „Ла лига“ откако тимот на Диего Симеоне ремизираше 1-1 на гостувањето против Леганес. Формата надвор од „Ванда“ дефинитивно почнува да станува проблем за поранешниот првак, ако се знае дека ова е трето реми во низа на гостувањата за Атлетико, губејќи значајни бодови во трката за титулата.

Натпреварот мина без поголеми возбудувања, со мал број на создадени шанси, а двата гола беа постигнати во второто полувреме. Антоан Гризман со прекрасен гол од слободен удар ги донесе „јорганџиите“ во водство, но Леганес успеа да израмни преку Карилјо, кој се најде на вистинското место по една одбиена топка од гредата и од непосредна близина ја смести во мрежата.

Атлетико ја имаше најубавата шанса за трет гол на натпреварот, но Гризман од добра позиција во 92. минута шутираше високо над гредата.

Се вчитува...