Рашфорд донесе победа во последен час за Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед со многу среќа прокнижи нови три бода на премиерлигашката табела откако „црвените ѓаволи“ славеа со 1-2 на гостувањето против Бурнемаут. Тимот на Жозе Мурињо беше во негатива од еден гол, но благодарение на Марсијал и на Рашфорд стигна до голема победа.

Мечот почна одлично за Бурнемаут, домаќините целосно доминираа од самиот почеток и заслужено поведоа преку Вилсон. Алексис Санчез се врати во стартнит тим за оваа средба и остави свој печат асистирајќи при израмнувачкиот погодок на Марсијал, кој четврти меч во низа се запиша меѓу стрелците.

Маркус Рашфорд не реализираше зицер кон средината на второто полувреме откако Ешли Јанг ја погоди гредата, но англискиот ас беше на висина на задачата во судиското продолжение, кога погоди во последен час, сместувајќи ја топката зад грбот на Беговиќ за огромна радост на гостинските играчи и навивачи.

Се вчитува...