Дибала со најбрз гол за Јувентус во последните шест години

Јувентус експресно поведе на дуелот со Калјари откако на Пауло Дибала му беше доволно помалку од една минута за да ја смести топката во мрежата на гостите од Сардинија.

Аггентинецот маестрално се ослободи од противниците пред да го матира голманот на Калјари, постигнувајќи гол во 45. секунда, што е најбрз погодок постигнат од Јувентус во последните шест години.

Интересно, најбрзиот гол е дело на Артуро Видал во 18. секунда од дербито со Интер одиграно токму пред шест години, на 3 ноември 2012.

Се вчитува...