Возачот на Монстер Јамаха, Жоан Зарко ќе ја почне трката од Мото ГП шампионатот за големата награда на Малезија од пол позицијата бидејќи најбрзиот во квалификациите Марк Маркез го загуби најповолното место поради казна. Шпанецот ќе тргне од седмото место, а е санкциониран поради тоа што го попречил Андреа Јаноне.
За Шпанецот кој веќе ја одбрани шампионската титула ова е втора загубена пол позиција сезонава. На трката во САД беше казнет кога му направи проблеми во возењето на Марк Вињалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА