Тотенхем се врати на победнички патеки во Премиер – лигата откако го совлада Вулверхемптон на гости со 2-3. Сега составот од Лондон има 24 бода, три помалку од моментниот лидер Ливерпул.
Тимот на Покетино поведе убедливо, со 0-3, со головите на Ламела, Лукас и на Хари Кејн. Во вториот дел, Вулверхемптон доби шанса да се врати во игра со два пенали. Ги реализираа Невеш и Хименез, но, сепак, бодовите му припаднаа на Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА