Како Мурињо го крена Јунајтед: Ќе бидете подобри, оти полошо не можете

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, отворено призна што се им изнарекол на играчите на полувремето од дуелот со Бурнмут од 11. премиерлигашко коло. Маркус Рашфорд во екстра времето постигна гол за триумф, претходно Ентони Марсијал донесе израмнување, по почетното водство на домашниот состав.

„Имав позитивен пристап“ – иронизира Мурињо.

„Второто полувреме ќе биде многу подобро, затоа што е невозможно да се игра полошо од ова. Јас мора да сум најталичниот менаџер во Премиер-лигата. На полувремето требаше да губам со 6-2“– им рекол Мурињо на играчите.

Тој имаше и жестоки критики за одбрната за која рече дека била „катастрофа“.

Манчестер Јунајтед се помести минимално на табелата, само една позиција по вчерашниот триумф. По 11 одиграни кола, „црвените ѓаволи“ се на седмото место. Имаат серија од четири натпревари без пораз.

 

 

Се вчитува...