Мечот меѓу Лабуништа и Скопје со хуманитарен карактер: За поддршка на Сара и Амина

Последниот натпревар од 12. коло во Втората лига – Запад меѓу Лабуништа и Скопје кој денеска се игра во Струга ќе има и хуманитарен карактер.

Како што информираа од раководството на Лабуништа, средствата собрани од продажбата на билетите за натпреварот во целост ќе бидат донирани за лекување на Сара Настеска и Амина на кои итно им е неопходно лекување во странство.

„Сакаме да се вклучиме во хуманитарната акција, и да помогнеме колку е во наша моќ. Затоа ги повикуваме сите искрени љубители на фудбалот во што поголем број да дојдат денеска на натпреварот против Скопје“ – велат од ФК Лабуништа.

Натпреварот меѓу Лабуништа и Скопје се игра со почеток од 13:30 часот.

 

Се вчитува...