Ибракадабра назад во Милан, остана само уште еден проблем

Златан Ибрахимовиќ е се поблизу до враќање во Милан откако шведскиот ас ги договорил и финансиските услови за камбек во својот поранешен клуб. Ибракадабра е слободен играч по истекот на договорот со ЛА галакси, откако не успеа да обезбеди влез во плејофот во МЛС-лигата со оваа екипа.

Како опции се споменуваат бројни клубови, но Златан не ја криеше желбата за враќање во Милан, а „росонерите“ веќе извесно време преговараат со менаџерот Мино Раиола за да најдат заеднички јазик и да го договорат овој трансфер. Самиот фудбалер се согласи и на значително намалување на платат, па е подготвен да игра и за 1,5 милиони евра годишно доколку „росонерите“ го прифатат неговиот последен услов.

Имено, Златан сака договор на 18 месеци, по што во 2020 година и официјално би ја завршил кариерата. Досегашните понуди на Милан беа за соработка до крајот на оваа сезона, но за очекување е директорот Леонардо да излезе во пресрет на ова барање на голгетерот, за во наредниот период и официјално да биде потврден трансферот.

Се вчитува...