Фудбалерите на Лестер на погребот на загинатиот сопственик (ФОТО)

Комплетниот состав на Лестер и менаџерот Клод Пуел во Бангкок присуствуваат на погребот на трагично загинатиот сопственик на клубот, Вишаи Шривадханапрахба.

Ведаш по победата над Кардиф која му ја посветија на Шривадханапрахба, фудбалерите на Лестер патуваа илјадници километри за да присуствуваат на дел од церемонијата на погребот.

Капитенот Вес Браун, Џејми Варди и голамнот Каспер Шмајхел ја предводеа поворката.

Сопственикот на Лестер животот го загуби во трагична хеликоптерска несреќа минатиот викенд во близина на стадионот „Кинг Пауер“. Неговиот погреб ќе биде во духот на тајландската традиција, култура и религиозни верувања и ќе трае една седмица.

 

 

Се вчитува...