Брестовац: Поголем ростер, повеќе ротации – заслужена победа

Металург ја прослави првата победа во Лигата на шампионите, по серија од пет порази на стартот. Трите нови засилувања во тимот се покажаа како добра инвестиција со која македоскиот вицешампион стигна до првите бодови во ЛШ совладувајќи ги Чеховски Медведи со 25-24. Дополнителна сигурност во играта на Металур

Задоволен сум, прва победа во ЛШ, поголем ростер повеќе ротации. Мора да го анализираме второто полувреме не најдовме решение за нивната 5-1 одбрана. Немавме ни доволно време да се подготвиме за се што може да одиграат Чеховски медведи. Во овој период што сме заедно направивме максимум. Во првото полувреме делувавме добро. Благодарение на Даниловски, благодарение на добрата одбрана мислам дека заслужено победивме. Во втрото полувреме нашата игра не беше на исто ниво како во првиот дел, не искористивме неколку шанси, но, не би сакал премногу да филозофирам.  Мислам дека победата во ниеден момент не беше доведена во прашање. Не би рекол дека судиите ни помогнаа, тоа е нивно видување. Цело време водевме и победата е заслужена“ – истакна Данило Брестовац, одговарајќи на забелешката од тренерот на Чеховски медведи, Владимир Максимов дека резултатот го „креирале“ судиските грешки.

Иаско периодот за воигрување беше краток, сепак, тренерот на Металург, генерално е задоволен од она што го доби со приклучувањето на новиет засилувања во составот – Александар Шпенде, Миха Пучник и Гонсало Рибеиро.

Краток временски период сме заедно многу е тешко, на тренинг може да се видат тие позитивни работи, но уште немам увид во нивните негативни работи. Овој натпревар ни даде одредена слика за нивните можности. Сега ми е полесно затоа што имам кого да ставам и да воиграм. Од натпревар во натпревар ќе биде подобро, ќе видеме поразновидни, ќе имаме многу повеќе решенија во нападот. Резултатот не ми дозволуваше да експериментирам со нешто што не сме го работеле доволно на пример да одиграме 7-6. Но мислам дека имаме добар тим. Со довбра физичка подготовка, со поголема воиграност мислам дека имаме солидна екипа и ќе може да играме со секого“ – истакна Брестовац.

Металург веќе во среда го очекуваа дуелот со Стеауа во СЕХА лигата, а во четврток е натпреварот со Спортинг во Лигата на шампионите.

Се вчитува...