Италијанскиот стратег Маурисио Сари не можеше да замисли подобар старт на клупата на Челси. Поранешниот тренер на Наполи на одличен начин ја почна авантурата во Премиер – лигата и стана најдобар дебитант во елитното англиско фудбалско натпреварување. Тој е без пораз по 11 кола, забележа осум победи и само три ремија, израмнувајќи го рекордот на Франк Кларк од 1994 година, како менаџер на Нотингем Форест.
Веќе следниот викенд, Сари ќе може да биде осамен на врвот и да постави нов рекорд, на дуелот против Евертон.
Маурисио Сари со Челси загуби единствено од Манчестер сити во Комјунити Шилд, но во првенството, во Карабао куп и во Лигата на Европа се уште не знае за пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА