Флојд Мејведер ќе се бори со кикбоксерот Теншин Насукава на 31 декември. Амеркинскиот боксер потпиша договор со компанија за мешани боречки вечтини. форматот и правилата на борбата ќе бидат дополнително одредени. Мејведер е поранешен светски шампион во пет категории. Во последната борба во 2017 година го победи Конор Мекгрегор и ја прдолжи триумфалната серија на 50 успеси.
„Сакав да направам нешто поинакво. Сакам да ги покажам моите вешетини и надвор од САД. Ќе им го дадам на луѓето она што го сакаат – крв, пот и солзи“ – изјави Мејведер.
Јапонецот Насукава има 20 години и се натпреварува во РИЗИН Боречката федерација, компанијата со која што потпиша договор Мејведер. Тој има рекорд од 27-0 во кикбокс и 4-0 во ММА борбите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА