Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев на 8 ноември (четврток) ќе го суди мечот од групната фаза на Лига на Европа меѓу рускиот претставник Краснодар и белгискиот Стандард Лиеж.
Ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти судија ќе биде Гоце Петревски. Дополнителни судии зад головите се Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски.
Поранешниот меѓународен судија Емил Божиновски ќе биде контролор на 7 ноември (среда) во Москва на мечот од групната фаза на Лигата на шампионите меѓу ЦСКА и Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА