Договор на векот: Реал Мадрид ќе добива од Адидас колку сите НБА клубови од Најк

Реал Мадрид и Адидас се усогласиле, а се очекува само официјалното попишување на мегадоговорот кој на „Кралскиот клуб“ ќе му донесе 1.милјарда и 100 милиони евра во период од 10 години од 2020 до 2030. Ова ќе биде највредниот договор за спонзорство кај спортските клубови, а ќе го направи и дресот на Реал Мадрид најскапиот во светот.

Со загарантирана сума од 110 милиони евра како и со можност заработката да дојде до 150 милиони евра  во зависност од продажбата, кога Реал ќе го потпише договорот ќе биде дуплирана сумата која ја добива досега. Реал има активен договор со Адидас потпишан во 2012 година.

Како најдобро пласитчно објаснување за големината на договрот е податокот дека Најк кој глобално ја спонзорира НБА лигата плаќа 1.милијарда долари за 21 клуб. Тоа е околу 110 милиони евра за секој клуб во следните осум години колку што важи договрот.

Реал Мадрид добива и 60 милиони евра од Флај емирејтс годишно што е тројно зголемувае на сумата што ја добиваше според претходниот договор и е сума која ги надминува спонзорствата на Ракутен за Барселона и на Шевролет за Манчестер јуанјтед.

 

 

Се вчитува...