Тренерот на Емполи во еден ден доби и роденденска честитка и – отказ!

Италијанскиот калчолигаш Емполи одлучи да го отпушти досегашниот стратег Аурелио Андреацоли. Немаше да биде и некоја посебна вест , со оглед на слабите резултати на овој тим во Серија А, доколку клубот во еден ден не му упати роденденска честитка на Андреацоли, а потоа и не одлучи да го отпушти.

Кобен беше убедливиот пораз од Наполи (5-1), иако Емполи игра очајно речиси на секој натпревар оваа сезона.

Бепе Јакини се очекува да биде именуван за нов тренер на калчолигашот кој грчевито ќе се бори за опстанок.

 

 

Се вчитува...