Арсен Венгер ќе биде нов тренер на Милан?

Францускиот стратег Арсен Венгер најави дека ќе се врати на тренерскиот занает на почетокот на 2019 година, а најверојатно ќе седне на клупата на италијанскиот калчолигаш Милан. Тој е во преговори со новите сопственици на клубот од „Сан Сиро“ и треба да го наследи Џенаро Гатузо.

Венгер беше еден од најдолговечните менаџери во Премиер – лигата, го предводеше Арсенал од 1996 до 2018 година. Се најавуваше и дека би можел да биде спортски директор на Пари Сен Жермен, но очигледно е дека повеќе го влече тренерската клупа.

Се вчитува...