Македонската репрезентација до 19 години од 14. до 20. ноември во Кромериц, Чешка ќе го одигра квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза на УЕФА. Нашата селекција е во група со домаќинот Чешка, Хрватска и Луксембург.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 14. ноември против Хрватска, на 17. ноември играме против Чешка, а последниот дуел е со Луксембург на 20. ноември. Место во елитната фаза квалификации за Европско првенство обезбедуваат двете најдобри репрезентации од секоја група.
„Верувам во фудбалерите и убеден сум дека ќе дадат се од себе да се бориме за пласман во следната фаза квалификации. Имавме доволно време да се запознаеме и да се подготвиме за предизвикот кој го носи овој турнир. Одигравме два контролни натпревари против исклучително силни противници (Полска и Англија) и верувам дека тоа искуство ќе ни биде од корист за натпреварите кои ни следуваат. Наша цел е пласман на едно од првите две места, иако како главни фаворити и според квалитетот и според рејтингот се издвојуваат Чешка и Хрватска. Имаме одлични поединци во тимот, но колективот мора да биде на прво место доколку сакаме да оствариме позитивни резултати. Ќе настојуваме да го постигнеме токму тоа, екипата да биде сплотена и да верува во пласман во следната фаза“ – изјави селекторот на Македонија до 19 години, Горан Станковски.
Селекторот на Македонија до 19 години, Горан Станковски за турнирот во чешки Кромериц ќе смета на следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: Бојан ТИМЕВСКИ (Саса Каменица), Стефан ЈАКИМОВСКИ (Њу Старс), Методија ВЕЛКОВСКИ (Вардар);
ОДБРАНА: Зоран ИВАНОВСКИ (Академија Пандев), Христијан ДИМОВ (Интер Запрешиќ, Хрватска), Филип АНТОВСКИ (Вардар), Џејми ПЕРЧЕВСКИ (Фортуна Дизелдорф, Германија), Стефан СИМОНОВСКИ (Генц Калемлер), Стефан НАУМЧЕСКИ (Вардар);
СРЕДЕН РЕД: Бесник ФЕРАТИ (Партизани, Албанија), Анес ОСМАНОСКИ (Унтерахинг, Германија), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Тренчин, Словачка), Али АДЕМ (Вардар), Енис ФАЗЛАГИЌ (Жилина, Словачка), Алекс ТАЛЕСКИ (Вардар);
НАПАД: Јакуп БЕРИША (Вардар), Марио НАУМОСКИ (Победа), Сухел МУАРЕМИ (Шкупи), Марко Ѓоргиевски (Борец), Бојан КОЛЕВСКИ (Борец), Дарко ЧУРЛИНОВ (Келн, Германија)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА