Сантијаго Солари победи против Валјадолид, но играта на Реал Мадрид на саботниот натпревар беше максимално разочарувачка, па Флорентино Перез планира да ја забрза постапката на именување на долгорочно тренерско решение по заминувањето на Хулен Лопетеги. Потрагата не се одвива лесно, Покетино и дефинитивно ја одби понудата на „кралскиот клуб“, но денеска шпанските медиуми се јавија со ново име кое е многу интересно за првиот човек на Реал.
Станува збор за Леонардо Жардим, стручњакот кој направи чудо откако со Монако пред две сезони му ја украде титулата на ПСЖ, воедно и стигнувајќи до полуфиналето во Лигата на шампионите, но и промовирајќи го Килијан Мбапе во нова ѕвезда на светскиот фудбал.
Тој пред еден месец доби отказ во Монако и е слободен за нов ангажман, а работа како предводник на најтрофејниот европски клуб сигурно ќе биде сериозен предизвик за него. Според шпанските медиуми разговорите се во почетна фаза, но не се исклучува можноста истите во наредните денови да се интензивираат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА