Анчелоти: Што е ова? ПСЖ победува со Црвена Звезда 6-1, а таа слави против Ливерпул!?

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, вели дека во најмала рака е шокиран од резултатот на натпреварот во Белград на кој Црвена Звезда славеше против Ливерпул со 2-0.

Анчелоти потенцира дека до крај ќе биде неизвесна група во која се е можно…

„Што е ова? Навистина не знам што се случува? Ливерпул го победува ПСЖ, Французите пак слават со неверојатни 6-1 против Црвена Звезда а таа триумфира против Ливерпул!? Ќе биде интересно во секој случај. По четири кола само два бода разлика е меѓу сите четири екипи во групата. Сега и Црвена Звезда се вклучи во трката за првите две позиции. Ќе биде густо до крај“ – вели Анчелоти.

Наполи синоќа ремизираше (1-1) пред своите навивачи со ПСЖ. Па, сега во групата Ц од Лигата на шампионите, Ливерпул и ПСЖ се на чело на табелата со 6 бода, пред Наполи со 5 бода и Црвена Звезда со 4 бода.

Се вчитува...