Сопствениците на правата во Формула 1, „Либерти Медиа“, официјално потврдија дека Виетнам влегува во календарот на шампионатот на Ф1 од сезоната 2020. Објавена е и мапа на патеката која во поголем дел ќе биде улична. Патеката е долга 5.565 километри и покрај уличната делница ќе вклучува и еден потполно нов дел изграден во близина на стадионот во предградието на Ханој.
Правиот дел е долг 1.5 километри и се претпоставува дека таму ќе може да се развие брзина од околу 335 км/ч.
Некои делови се позајмени од другите Ф1 патеки. Така, првите два свиоци на патеката во Ханој многу потсетуваат на првите два завои на германскиот „Нирнбургринг“.
Виетнам е првиот нов потвцрден домаќин на Ф1 трка откако новите сопственици го презедоа управувањето со шампионатот во 2017 година.
Организаторите во Виетнам, дополнија дека договорот е долгорочен. Се уште не е сигурно дали трката за ГН на Виетнам ќе измести некоја друга трка од календарот. Сопствениците на Ф1 не се откажани и од идејата за трка во Мајами, но таму пртеговорите се одвиваат многу побавно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА