Женските ракометни селекции до 17 и до 19 години ги дознаа ривалите на ЕХФ шампионатите во кои ќе учествуваат наредното лето.
Репрезентацијата до 17 години ќе учествува на шампионат во Италија, каде се најде во иста група со домаќинот, како и со селекциите на Полска, Белорусија и Азербејџан.
Што се однесува до селекцијата за ракометарки до 19 години, таа ќе биде дел од шампионатот во Литванија, каде за првото место во групата ќе се бори со Литванија, Грузија и со Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА