Кошаркарскиот колектив Работнички ја покажа својата хуманост, откако првиот тим на актуелниот првак одигра ревијален натпревар со ветераните на клубот од „Градски парк“. Сите средства од натпреварот се наменети за Ирена Танчева, 25-годишна мајка на две деца, која има потреба од итна операција во Русија.
Навивачите во „Градски парк“ имаа можност да уживаат во тренерскиот дуел на Марин Докузовски и на Лазар Лечиќ, кој беше предводник на ветераните. А тимот на ветерани, предводен од Антиќ, Гечевски, Блажевски, Стефанов… имаше што да покаже, иако речиси сите ги имаат завршено професионалните кариери потсетија дека се големи мајстори на кошаркарската игра.
Се на се, убав кошаркарски хепенинг од хуманитарна природа, во кој фановите имаа можност да ги бодрат и своите поранешни миленици, заедно со овие актуелните кои в понеделник ги очекува дерби-дуел со МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА