ЛШ: Рома ја покори Москва, Валенсија подобра од Јанг Бојс

Италијанскиот калчолигаш Рома ја совлада ЦСКА во Москва со 1-2 и се искачи на првата позиција на табелата во групата Г од Лигата на шампионите со девет бода, три повеќе од Реал Мадрид, кој вечерва му гостува на Плзен. „Волчицата“ поведе со голот на Манолас во четвртата минута, но рускиот тим израмни на почетокот на вториот дел ореку Агнор Сигурдсон.

Сепак, во 59.минута Лоренцо Пелегрини постигна втор погодок за Рома, а надежите на ЦСКА Москва се намалија уште по исклучувањето на Хардур Магнусон три минути претходно.

Валенсија го совлада Јанг Бојс со 3-1. Санти Мина беше двоен стрелец за шпанскиот претставник, а во листата на стрелците се запиша и Солер. Единствениот гол за Јанг Бојс беше дело на Роџер Асале. Швајцарскиот тим од 77.минута играше без исклучениот Саного.

Се вчитува...