Унгарецот Виктор Касаи ја направи најкатастрофалната судиска грешка ова коло во Лигата на шампионите, подарувајќи му пенал на Манчестер сити.
Рахим Стерлинг тргна кон голот на Шахтјор, се обиде да шутне, но се удри со нога во земјата и се преврти, а судијата на шокираност на гостите од Украина покажа на белата точка. Габриел Хесус не ја пропушти можноста да го искористи овој подарок и зголеми на 2-0, откако претходно Давид Силва го отвори резултатот во корист на тимот на Пеп Гвардиола.
Погледнете го „стартот“ врз Стерлинг…
Worst penalty decision in history. #ManCity #Sterling pic.twitter.com/eQVSl7X3mb
— Comedy Terrorist (@Comedyterrorist) November 7, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА