ЛШ: Јунајтед со пресврт го освои Торино, Сити и Реал ефикасно

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед му возврати на Јувентус и со пресврт го совлада во Торино со 1-2 во најинтересниот дуел од вечерашната програма во Лигата на шампионите. Португалскиот ас Кристијано Роналдо беше стрелец на погодок против својот некогашен клуб. Тој ја погоди мрежата на Де Хеа во 65.минута, но Хуан Мата и Пол Погба во последните пет минути беа творци на големиот пресврт. Хуан Мата израмни од слободен удар во 86.минута, а Пол Погба во 90.минута погоди за триумф на „црвените ѓаволи“.

Манчестер сити со 6-0 го декласира Шахтјор Доњецк. Давид Силва, Габриел Хесус постигна хет – трик (два гола од пенал), Рахим Стерлинг и Ријад Марез беа стрелци на головите за „граѓаните“ на овој дуел.

Се „распука“ и Реал Мадрид на гостувањето против Плзен, исто така славеше со 0-5. Карим Бензема беше двоен стрелец, а во листата се запишаа и Кашемиро, Бејл и Тони Крос.

Баерн Минхен со 2-0 го победи АЕК. Роберт Левандовски двапати ја тресеше мрежата на грчкиот тим, првиот пат од белата точка.

Лион и Хофенхајм ремизираа 2-2, а и Бенфика и Ајакс одиграа нерешено, 1-1.

 

Се вчитува...