Борец Велес ја запуша и десеттата победа сезонава во Втората лига – Исток славејќи во 12. коло со 2-0 против Партизан Обршани.
Стрелец на двата гола за Борец беше Симеон Христов во 6. и во 83. минута од пенал со што велешани дополнително се зацврстија на врвот од табелата на Истокот.
Во вториот натпревар во оваа конкуренција, Кожуф убедливо со 4-0 славеше против Каменица Саса. Стрелци за гевгеличани беа Танов, Зумровски и Ристовски во два наврати.
Во Втората лига – Запад се одигра првиот натпревар од 13. коло во кој лидерот Лабуништа ремизираше без голови на гостувањето против Генч Калемлер во Гостивар. Лабуништа и натаму е лидер на табелата со 24 бода, два повеќе од второпласираниот Струга Трим Лум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА