Кристијано Роналдо го нема на списокот на португалската репрезентација за натпреварите со Италија и со Полска во Лигата на нациите.
Со тоа се потврдија најавите на португалските медиуми дека ѕвездата на Јувентус ќе ја прекокне комплетната групна фаза на новоформираното натпреварување, пред се за да може повеќе да се фокусира на клупските обврски.
Португалците се надеваа дека Роналдо ќе биде во составот за решавачкиот натпревар со Италија за првото место во групата, но селекторот Фернандо Сантош го објави списокот без него.
Роналдо нема играно за Португалија уште од Мундијалот во Русија, после кој одлучи до крајот на годинава да се одмори од репрезентацијата.
Португалија на 17 ноември и гостува на Италија во Милано, а три дена подоцна, во Гимараеш ја пречекуваат Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА