Англискиот премиерлигаш Челси оствари минимален триумф во Белорусија, совладувајќи го Бате Борисов со 0-1. Оливие Жиру во 53.минута беше стрелец на победничкиот погодок за „сините“ од Лондон. Челси веќе го трасираше патот во нокаут фазата од ова натпреварување, заедно со Лацио и со Ајнтрахт Франкфурт.
Мол Види, тимот на македонскиот интернационалец Бобан Николов, славеше над ПАОК со 1-0. Стрелец на голот беше Георги Миланов во 50.минута од средбата.
Најефикасен беше дуелот меѓу Спартак Москва и Глазгов Ренџерс кој заврши со победа на рускиот тим од 4-3.
Резултати, Лига Европа: Бате Борисов – Челси 0-1, Мол Види – ПАОК 1-0, Акисар – Севилја 2-3, Аполон – Ајнтрахт Франкфурт 2-3, Динамо Киев – Рен 3-1, Генк – Бешикташ 1-1, Краснодар – Стандард Лиеж 2-1, Лацио – Олимпик Марсеј 2-1, Малме – Сарпсборг 1-1, Рапид Виена – Вилјареал 0-0, Спартак Москва – Ренџерс 4-3
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА