Евертон заработе жестока казна поради кршење на правилата на Премиер лигата. Како што пренесуваат британските медиуми, клубот од Ливерпул ќе мора да плати казна во висина од половина милион фунти и две години ќе ќе смее да носи млади играчи од другите академии.
Причина за ваквата казна е нивното преговарање со млади играчи кои веќе биле под договор со друг клуб. Раководството на Евертон тоа го правело без знаење на клубот од кој доаѓал играчот. И според тоа, оваа акција на Евертон е оценета како врбување на млади играчи и е санкционирана.
Евертон во наредните две години не ќе може да потпишува играчи на возраст од 10 до 18 години.
Познато е дека на „Гудисон Парк“ и во минатото излегувале вредни таленти. Најпознат меѓу нов е Вејн Руни, а во првиот тим на Евертон моментно се наоѓаат Том Дејвис, Доминик Калверт- Левин и Мејсон Холгејт.
Случајот за кој Евертон доби драстична казна датира од 2016 година кога се обидоа да донесат еден од младите таленти од Кардиф Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА