Детаљ кој многумина не го забележаа: Роналдо им се извини на навивачите на Јунајтед (ФОТО)

Кристијано Роналдо сосема очекувано беше во центарот на вниманието на пресметката од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Манчестер јунајтед, пред се поради фактот дека Португалецот своето вивнување во европскиот фудбал го имаше токму во дресот на „црвените ѓаволи“ од Манчестер.

Португалскиот репрезентативец постигна и гол за водство на Јувентус, но многумина не приметија еден детаљ кој дополнително сега го издвојуваат англиските медиуми. Иако многу навивачи на Манчестер јунајтед се налутија на Роналдо, малку од нив видоа дека тој отиде кон трибината на гостинските навивачи и со гестикулација им се извини на фановите на Јунајтед…

Добро е познато дека Роналдо и кога играше во дресот на Реал Мадрид никогаш не ги славеше постигнатите голови против Манчестер јунајтед.

Се вчитува...