Клоп: Извинете што не победуваме како Манчестер сити…

Ливерпул се наоѓа на делба на второто место на премиерлигашката табела, се уште не знае за пораз во домашното првенство и заостанува два бода зад Манчестер сити, па Јирген Клоп е изненаден од зачестените критики за стилот на игра на неговиот тим во период во кој резултатите се позитивни.

Ние во клубот сме задоволни од стартот на сезоната, но да бидам искрен изненаден сум што не се гледа баш така во јавноста. Причини има две – не постигнуваме толку голови како лани, а исто така и Манчестер сити, Челси и останаитте клубови играат максимално квалитетно. Чувствувам дека сезоната ќе ни биде оценета како успешна само ако станеме шампиони, а конкуренцијата никогаш не била посилна. Тоа не ми пречи, но за мене е чудно што ни се случува да победиме натпревар, а потоа јавноста како да очекува да се извиниме што не го правиме тоа како Манчестер сити. Јасно ни е дека постои голем простор за напредок, но исто така и не гледаме простор за негативно гледиште на досегашниот дел од сезоната“ – изјави Клоп.

Ливерпул во наредното премиерлигашко коло в недела ќе го пречека тимот на Фулам, додека Манчестер сити ќе игра градско дерби против Манчестер јунајтед.

Се вчитува...