Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешниот свој состанок донесе одлука Вонредното Собрание на ФФМ на кое треба да се изгласа промена на Статутот на федерацијата да се одржи на 9. декември во Охрид.
На седницата беше истакнато дека се чека и мислење од ФИФА и УЕФА околу промената на Статутот, со што би се заокружил овој процес. Со измените и дополнувањата на Статутот секој поединец ќе може да поднесе кандидатура за претседател на федерацијата без разлика дали е делегат или не во Собранието на ФФМ. Ова Собрание треба да претставува увертира на Изборното собрание на ФФМ кое треба да се одржи најдоцна до 19. јануари следната година.
Управниот одбор на ФФМ исто така донесе одлука традиционалниот избор на најдобрите во македонскиот фудбал за 2018 година да се одржи на 21. декември во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА