Панатинаикос ја доби грчката пресметка против Олимпијакос во шестото коло од годинашната Евролига.
„Зелените“ славеа против Олимпијакос со 93-80, во меч во кој противникот имаше предност по првото полувреме од 41-48.
Но, Панатинаикос со одлична игра во второто полувреме успеа да дојде до пресврт победа. Најефикасен во победничкиот тим беше Лукас Лекавичиус со 17 поени, додека извонредниот Ник Калатес мечот го заврши со 14 поени, седум скока и седум асистенции.
По оваа победа Панатинаикос сега е со четири победи, наспроти два порази, на делба на четвртото место на табелата, додека Олимпијакос остана на претходните три победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА