И покрај тоа што повеќе од 70 минути имаше предност во првиот натпревар од 12. коло во Ла Лига, екипата на Леванте загуби со 1-3 пред своите навивачи од Реал Сосиедад.
Тимот на македонскиот репрезентативец Енис Барди се распадна буквално за само 10 минути. Па, откако се стекнаа со предност уште од 4. минута на натпреварот со голот на Чема, во финишот од 73. до 83. минута примија три гола за пораз од 1-3. Стрелци на головите за Реал Сосиедад беа Хернандез со 73. минута, Хуанми во 77. минута и Ојарзабал во 83. минута.
Енис Барди го одигра целиот натпревар за Леванте, имаше и одлична шанса при 1-0 за неговиот тим во второто полувреме, но противничкиот голман успеа да го одбрани неговиот шут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

