Ракометарите на Бутел прокнижија нови бодови на суперлигашката табела откако попладнево на домашен терен ја совладаа екипата на Радовид со резултат 33-25. Избраниците на Игор Котевски беа подобри од противникот, го контролираа резултатот во првото полувреме, за во вториот дел уште на самиот старт да се одлепат и да не му дозволат на гостинот да се понадева на изненадување.
Гостинскиот состав поведе со 0-2, потоа и со 2-3, но тоа беше се што радовишани успеаја да сторат. Бутел го сврте резултатот во своја полза и стигна до предност од 9-5. На одмор се замина со само два гола предност за домашниот тим (13-11), за Бутел во вториот дел лесно да создаде уште поголема предност и да слави со конечни 33-25.
Јовица Младеновски беше најдобар поединец на овој натпревар со осум гола, два повеќе од Златко Мојсоски и од Мајиќ, додека кај гостите најефикасен беше Ивица Илиев со девет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА