Куманово по двата порази во низа денеска се врати на победнички патеки, откако избраниците на Александар Петровиќ славеа со убедливи 67-87 на гостувањето против Пелистер.
Гостите фуриозно го почнаа натпреварот и поведоа со преубедливи 0-17, но „пелистерци“ не се предадоа. Откако се најдоа во негатива од деветнаесет поени (7-26), домашните кошаркари собраа сили за серија од 16-1, приближувајќи се на само четири поени разлика во вториот период (23-27). Мекиќ и Пенов погодија тројки за да го запрат налетот на битолчани, на одмор се замина со водство на гостите од 32-42, за потоа во второто полувреме кумановци уште повеќе да ја зголемат предноста со конечните 20 поени разлика.
Ѓекиќ беше најефикасен кај Куманово со 18 поени, Мекиќ постигна 17, а Пенов имаше дабл-дабл од 10 поени и 11 скокови. Кај Пелистер најдобри поединци при денешниот пораз беа Харис со 28 и Билер со 21 постигнат поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА