Експедицијата на Барселона допатува во Скопје, каде каталонскиот гигант утре ќе излезе на мегдан со Вардар, во битка за првото место во групата од Лигата на шампионите. Тренерот Чави Пасквал испрати јасна порака до своите избраници – дека очекува максимална борбеност бидејќи тоа е единствениот начин да се стигне до позитивен резултат против поранешниот европски шампион.
„Знаеме колку ќе биде тешко, ова гостување е едно од најкомпликуваните во цела Европа. Разговаравме на оваа тема, на сите им е јасно дека мораме да одиграме максимално во теекот на сите 60 минути. Никако не смееме да се релаксираме ниту за момент, бидејќи Вардар е силна екипа што ја заслужува сета почит на ракометна Европа. Многу важно за нас ќе биде да ја наметнеме нашата игра, да не му дозволиме на противникот да го диктира темпото“ – изјави Чави Пасквал.
Барселона при последното гостување во Скопје загуби со 27-24, но во однос на тој натпревар Вардар сега е без неколку клучни ракометари кои го напуштија клубот минатото лето.
„Имињата се различни, но нивото на игра е исто како и претходно, затоа и знаеме дека ќе ни биде многу тешко. Вардар е опасен од речиси сите позииции, а најголемата опасност за нас ќе доаѓа од Криштопанс, Борозан, Скубе и Карачиќ“ – посочи стратегот на каталонскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА