Скандалозното однесување на првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, е причина раководството на Олимпијакос официјално да побара големиот грчки ривал да биде исклучен од Евролигата.
Синоќешниот дуел во Атина мина во вжештена атмосфера, а денеска беше обелоденето дека Јанакопулос на полувремето „лудувал“, обвинувајќи ги судиите дека земале поткуп од „црвено-белите“.
Ваквиот потег вродил со плод бидејќи ПАО со голем пресврт во второто полувреме стигна до победата, но сега кошаркарската јавност е во исчекување на казната што ќе му биде изречена на првиот човек на „зелените“ од Атина. Судиите го навеле однеувањето на Јанакопулос во својот извештај, а Олимпијакос побарал дури и исклучување на Панатинаикос од Евролигата, навраќајќи се и на инцидентите од претседателот на овој клуб од претходните сезони.
Јанакопулос лани во неколку наврати жестоко ги критикуваше челниците на Евролигата, заработи парични казни од над 400.000 евра, беше и суспендиран на една година, но не ја почитуваше таа казна бидејќи се појавуваше во салата на неколку домашни средби на својот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА