Наполи преживеа во Џенова, за Горан Пандев само 4 минути игра… (ВИДЕО)

Џенова повторно не успеа да издржи до крај во италијанскиот шампионат, доживувајќи нов пораз пред своите навивачи од Наполи во финишот од мечот од 12. коло во Серија А.

Џеновјаните загубија со 1-2 и покрај тоа што први дојдоа до предност со голот на Коуаме во 20. минута од средбата.

Но, во второто полувреме Наполи најпрво израмни со голот на Руиз во 62. минута, а потоа со автоголот на Бираски во 86. минута наполитанците дојдоа до трите бода.


Горан Пандев во игра влезе во првата минута од судиското продолжение, одигрувајќи ги само последните четири минути од натпреварот.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...