Ковач: Седум бода е голема предност, но во фудбалот е достижна

Германскиот првак Баерн Минхен го загуби (3-2) дербито од Борусија Дортмунд на „Сигал Идуна парк“, а тоа му донесе нови главоболки на тренерот Нико Ковач. Се тресе неговото столче на „Алијанц арена“, со оглед дека „милионерите“ веќе имаат седум бода предност, а Баерн Минхен се наоѓа на третата позиција на табелата.

„Одигравме одлично прво полувреме, но потоа Борусија Дортмунд не изненади со брзи противнапади. Тоа не смееше да ни се случи, моравме да останеме многу покомпактни, посебно и што имавме водство. Загубивме, но тоа беше најдобро наше издание по дуелот со Шалке. Имаме сега седум бода негатива во однос на Борусија Дортмунд, тоа е голема предност за нив, но не е и недостижна во фудбалот“, изјави Нико Ковач, тренерот на Баерн Минхен.

 

Се вчитува...