Тежок инцидент на ридската трка „Водно 2018“: Прегазен пешак на патеката, па прекин на трката!

Трката од државниот шампионат на Македонија на ридски патеки „Водно 2018“ во Скопје беше прекината поради тежок инцидент на патеката.

За време на трката, на околу 150 метри од стартот се случил тежок инцидент кога возач на Застава Југо удри пешак на самата патека. Гледачот, според нашите информации, се движел непрописно во забранетата зона за пешаци поради што и на еден од свиоците без доволна прегледност е удрен од возачот на Застава Југо. Пешакот, со скршеници на двете нозе, веднаш со возило на Брза Помош бил пренесен во државната клиника.

Засега се уште нема официјални информации за инцидентот од организаторите на трката. Ова не е прв инцидент на трките кои се одржуваат во нашата држава. Пред една година на трката на кружни патеки во Скопје беше тешко повреден и Александар Димушевски, едно од најпознатите имиња во македонскиот автомобилистички спорт. Тогаш, на него налета српскиот автомобилист Урош Бркиќ со возилото “хонда”, поради што Димушевски веднаш беше пренесен во болница, а потоа следуваше и подолга рехабилитација.

Ридско – брзинскиот натпревар во автомобилизам кој викендов се одржува во Скопје се бодува за шампионатот на Македонија, а е во рамките и на одбележувањето на празникот „Ослободување на Град Скопје – 13. Ноември“.

Се вчитува...