Аталанта го совлада Интер со 4-1 и ја сопре победничката серија на „нероаѕурите“. Тоа е трет пораз за Интер во шампионатот, по кој останува на третото место на табелата, со три бода заостанување зад Наполи и шест бода помалку од Јувентус, кој вечерва му гостува на Милан.
Ханс Хатебор во деветтата минута ја доведе Аталанта во водство, а израмни Мауро Икарди од пенал на самиот старт на вториот дел. Но, домаќинот продолжи со офанзивен пристап и до крајот постигна уште три гола. Џанлука Мансини донесе нова предност за тимот од Бергамо, Берат Џимшити зголеми на 3-1, а во завршницата Алехандро Гомез го постави конечниот резултат. Интер го заврши мечот и со играч помалку, откако поради два жолти картони беше исклучен Марсело Брозовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

