Брегалница и Кит Го од Пехчево ремизираа (2-2) во дербито од 12. коло во Втората лига – Исток кое денеска се одигра на Градскиот стадион во Штип.
Во извонредно интересен натпревар, пехчевци први дојдоа до предност со голот на Мартин Стојанов во 56. минута. Но, потоа следеше пресврт па со головите на Иве Трифуновски во 87. минута и Ристе Наумов во 89. минута, Брегалница дојде до предност од 2-1. Сепак, за конечни 2-2 се погрижи Александар Темелков со голот од пенал во 90. минута.
Детонит јуниор славеше со 0-1 во градското дерби во Радовиш благодарение на голот на Глигор Николов во 45. минута од средбата.
РЕЗУЛТАТИ – 12. КОЛО
Брегалница – Кит Го 2-2
Вардар Неготино – Тиквеш 0-0
Плачковица – Детонит јуниор 0-1
ПРЕТХОДНО
Кожуф – Каменица Саса 4-0
Борец – Партизан Обршани 2-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА