Меси се врати, Барса губи дома (видео)

Барселона редеше победи додека Лионел Меси беше повреден, се очекуваше во ист стил да продолжи и по камбекот на Аргентинецот, па токму затоа фудбалерите и навивачите на каталонскиот гигант се во шок откако по првото полувреме против Бетис актуелниот првак на Шпанија се наоѓа во негатива од 0-2.

Барса креираше малку шанси во нападот, но најголемиот проблем е во одбраната, каде се остава премногу простор на брзоногите гостински офанзивци. Така, Бетис во 20. минута поведе преку Фирпо, потоа пропушти уште две убави шанси пред Жоакин да зголеми на 0-2, матирајќи го Тер Штеген.

Каталонскиот гигант никогаш не смее да се отпише, но јасно е дека ќе мора многу подобро да одигра во наредните 45 минути ако сака да избегне пораз.

Се вчитува...