Марк Андре тер Штеген во бројни ситуации ја спасувал Барселона од пораз, но германскиот чувар вечерва се посрамоти на дуелот со Бетис правејќи грешка карактеристична за неговиот сонародник Лорис Кариус.
Барса тукушто намали на 1-2 и се обидуваше да се врати во мечот, кога Бетис создаде опасна ситуација во шеснаесетникот на домаќините. Топката одеше кон Тер Штеген кој навидум немаше тешка задача да ја запре, но Германецот направи грешка како онаа на Кариус во финалето од ЛШ при третиот гол на Бејл, па таа му мина низ рацете и заврши во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА